Коронавирус во Канада: Регион со два милиона километри квадратни, 36.000 жители и ниту еден позитивен случај

Фото: EPA-EFE/STEVE FECHT

Канада во последната недела бележи зголемен број на заразени со новиот коронавирус. Од 13 октомври, кога беа повеќе од 4.000 случаи на инфекцијата, дневната бројка се движи околу 2.000, но еден регион во земјата е ретко место во Северна Америка во кое нема ниту еден заболен.

Станува збор на Нунавут, територија на северот на земјата на која во март беа донесени едни од најригорозните мерки. Беше забранет влез за секој кој не живее на подрачјето на Нунавут, а жители кои се враќаа дома од канадскиот југ, мора да минат две недели во изолација, односно во хотели во Отава, во Едмонтон, во Винипег и во Јелоунајф.

Хотелите беа чувани од обезбедување додека медицинските сестри ја проверуваа здравствената состојба на изолираните граѓани. На оние кои ги прекршуваа правилата, им беше продолжена изолацијата, а некои се жалеа на лошата исхрана во хотелите.

На два милиона километри квадратни живеат само 36.000 лица

Нунавут е најголем канадски регион, со површина од дури два милиона километри квадратни и со само 36.000 лица, но официјалниот број на случаи на ковид-19 и натаму е нула. Природната изолација на територијата е еден од клучните фактори поради кои вирусот не се прошири. До некои од местата може да се стигне само со авион.

– Мораше да биде донесена прилично драстична одлука за воведување на строги мерки, како за потенцијалната закана по жителите, така и поради предизвиците со кои се соочува овој арктички регион, вели тамошниот шеф на јавното здравство, доктор Мајкл Патерсон.

Долго се чека за резултати од тестовите

Кон крајот на септември, во Нунавут имаше забележани случаи на коронавирусот меѓу работниците кои претходно пристигнаа од југот за работа во рудниците за злато што се наоѓаат на само 16 километри од арктичкиот круг. Тоа жариште, сепак, има мали шанси за ширење меѓу луѓето, бидејќи работниците со месеци не го напуштаа подрачјето околу рудниците, истакна Патерсон.

Изолацијата, колку што може, исто така претставува и проблем. Голем дел од заедницата нема услови за тестирање, па примероците се испраќаа во главниот град Икалуит, па затоа понекогаш се чека и по една недела за резултати.

– Многу, многу се доцни со реакција на инфекцијата, вака се доцни со идентификација на контрактите на заразениот за спречување на натамошно ширење на вирусот. Медицинските ресурси на северот се ограничени и се работи тесторањето да биде поефикасно, додава Патерсон.

Оддел за интензивна нега за 20 пациенти

Интензивното одделение во општата болница „Кикитана“ во Икалуит може да прими само 20 пациенти. Во случај на ширење на заразата, многу луѓе ќе бидат принудени да побараат помош јужно од нивните домови. Инуитските заедници имаат несигурни услови за живот, бидејќи понекогаш се случува и по неколку фамилии да живеат под еден покрив.

Инуитите, кои го сочинуваат 80 отсто од населението на Нунавут, воопшто важат за високоризични што се однесува до респираторните инфекции. Истражување покажа дека можноста да „закачат“ туберколоза е за 300 пати поголема за разлика од останатите Канаѓани кои не се припадници на староседелски народи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот