Копа Либертадорес е забава за целото семејство: Осум црвени картони поради тепачка (ВИДЕО)

Фудбалот во Европа е под „карантин“, но засега во Јужна Америка нема проблеми и вчера беше одиграно второто коло од Копа Либертадорес.

Бразилската пресметка помеѓу Гремио и Интернасионал во рамките на групата Е заврши без голови но не изостанаа возбудувањата кои немаат врска со фудбалот.

Аргентинскиот судија Папалини покажа дури осум црвени картони за само десет минути кога изби масовна тепачка помеѓу фудбалерите на двете екипи. По тројца играчи на двете екипи беа исклучени, а црвен картон заработи и по еден фудбалер од клупата за резервни играчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот