КОНТЕ СЕ ПРОВЛЕЧЕ ВО СЕНАТОТ: Со мало мнозинство доби доверба, а десничарите го нарекуваа ПРЕДАВНИК! (ВИДЕО)

Новата италијанска Влада го преживеа изгласувањето доверба во Сенатот во горниот дом на италијанскиот Парламент.

Во острата расправа досегашниот вицепремиер Матео Салвини го обвини премиерот Џузепе Конте за предавство кон гласачите.

Владата на Конте, составена од анти-естаблишкото движење Пет Sвезди (М5С) и Демократската партија на левиот центар (ПД), беше потврдена во понеделникот во долниот дом на Парламентот.

Мнозинството во Сенатот и дадоа доверба, за гласаа 169 пратеници, додека 133 беа против.

Тенкото мнозинство во Сенатот е проблем за Конте бидејќи законодавството за чувствителните прашања како што е миграцијата, би можела да падне во Сенатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот