Конте би можел да се врати во Јувентус

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте/фото: EPA-EFE/Vincent Mignott

Актуелниот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте би можел следната сезона да се врати во Серија А и да седне на клупата на Јувентус, пишуваат италијанските медиуми.

Според нив, управата на Јувентус најверојатно нема да му врачи отказ на Масимилијано Алегри и ќе го остави до крајот на сезоната, и потоа ќе тргне со сили по потписот со Конте.

Конте од 2011 до 2014 година седеше на клупата на Јувентус, но си замина поради несогласување со управата.

Наводно, можноста да се врати во „старата дама“ е причината зошто Конте одбива средба со претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, на кој би се разговарало за продолжување на соработката.

ВИДЕО: Милан го урна „проклетството“ во ЛШ, Адеми и Ристовски поразени на Сан Сиро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот