Конгресменот Сантос нема да се повлече од трката за реизбор и покрај обвинувањата
Конгресменот Џорџ Сантос, републиканец од Њујорк, озлогласен затоа што се покажало дека измислил голем дел од неговата животна приказна, вчера се изјасни дека не е виновен за лажење и измама на донатори, кражба на пари од кампањата и лажење на Конгресот дека е милионер, додека цело време подигал и бенефиции за невработени кои не му припаѓале, пренесува Гласот на Америка.
Препорачано
После се, Сантос изјави дека нема да се повлече од трката за реизбор и ги отфрли повиците да поднесе оставка.
Конгресменот е обвинет по 13 точки, и се изјасни за невин по сите точки.
Во обвинението се наведува дека Сантос ги поттикнал поддржувачите да даваат пари на една компанија под лажен изговор дека со тоа ќе се финансира неговата кампања. Наместо тоа, како што се наведува, парите ги користел за лични потреби – меѓу другото купувал скапа облека и го подмирил долгот на кредитните картички.
Сантос, исто така, е обвинет дека лажел за своите финансии на конгресните формулари и дека поднел пријава за помош за невработени додека работел како регионален директор на една инвестициска компанија и бил кандидат за Конгресот.
Сантос (34) беше ослободен со кауција од 500.000 долари по читањето на обвинението, околу пет часа откако им се предаде на властите на Лонг Ајленд. Доколку биде прогласен за виновен, тој може да помине до 20 години во затвор.


