Конференциска лига: Партизан ја доби Спарта Прага, ПСВ против Макаби Тел Авив

Чешки предизвик за белградските „црно-бели“ во плеј-офот на Конференциската лига/ фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Денеска во Нион (Швајцарија) се одржа жрепката за плеј-оф паровите од нокаут-фазата во Конференциската лига, во натпревари помеѓу второпласираните од групната фаза на Конференциската лига и третопласираните од групите на Лига Европа.

Пред жрепката во групата на носители беа Макаби Тел Авив, Партизан, Бодо/Глимт, Рандерс, Славија Прага, ПАОК, Карабах и Витесе или Тотенхем. За случајот со Витесе/Тотенхем ќе одлучи дисциплинското тело на УЕФА.

А во групата на неносители беа Спарта Прага, ПСВ, Лестер, Фенербахче, Марсеј, Митјиланд, Селтик и Рапид Виена.

Тотенхем или Витесе ќе ги одмери силите со австрискиот претстабвник Рапид Виена, а белградски Партизан за ривал ја доби чешката Спарта Прага. Турскиот Фенербахче ќе се соочи со Славија Прага, а Лестер сити за противник го има данскиот Рандерс.

Првите натпревари ќе се одиграат на 17 февруари, а реванш средбите на 24 феврури 2022 година.

Конференциска лига (2021/2022)

Плеј-оф, двојки –

Марсеј – Карабах
ПСВ – Макаби Тел Авив
Фенербахче – Славија Прага
Митјиланд – ПАОК

Лестер – Рандерс
Селтик – Бодо/Глимт
Спарта Прага – Партизан
Рапид Виена – Тотенхем/Витесе

Победниците од овие мечеви ќе им се придружат на победниците од групната фаза во Конференциската лига во осминафиналето, а тие се ЛАСК, Гент, Рома, АЗ Алкмаар, Феенорд, ФК Копенхаген, Рен и Базел.

Финалето во ова ново натпреварување под капата на УЕФА ќе се одржи во Тирана (Албанија) на 25 мај 2022 година.

 

ЛШ: Меси против Роналдо, ПСЖ во осминафиналето ќе игра со Манчестер јунајтед

ВИДЕО: Скандал во Нион, ќе се повтори жрепката за Лигата на шампионите!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот