ЛШ: Меси против Роналдо, ПСЖ во осминафиналето ќе игра со Манчестер јунајтед

Најинтересна осминафинална двојка во ЛШ е ПСЖ - Манчестер јунајтед/Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Денеска во Нион се одржа жрепка за осминафиналните парови во Лигата на шампионите во чија фаза ќе следува вистинската борба на патот кон Ст. Петербург каде што ќе биде финалето за титулата.

Пред жрепката во групата на носители беа Ајакс, Баерн, Јувентус, Ливерпул, Лил, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид. А во групата на неносители беа Атлетико Мадрид, Бенфика, Челси, Интер, ПСЖ, Салцбург, Спортинг и Виљареал.

Поранешната легенда на Арсенал Андреј Аршавин учествуваше во жрепката, Реал Мадрид за противник ја доби португалската Бенфика. Најголемиот фаворит според светските обложувалници, Манчестер сити ќе му гостува на Виљареал предводен од тренерот Унаи Емери. Во една од поинтересните пресметки Атлетико Мадрид ќе ги одмери силите против германскиот гигант Баерн од Минхен.

А дефинитивно најголемо внимание се очекува да привлече дуелот помеѓу ПСЖ и Манчестер јунајтед или новата пресметка помеѓу едни од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Првите натпревари ќе се одиграат на 15/16/22/23 февруари, а реванш средбите на 8/9/15/16 март 2022 година.

Лига на шампиони (2021/2022)

Осминафинале, двојки –

Бенфика – Реал Мадрид
Виљареал – Манчестер сити
Атлетико Мадрид – Баерн Минхен
Салцбург – Ливерпул

Интер – Ајакс
Спортинг – Јувентус
Челси – Лил
ПСЖ – Манчестер јунајтед

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот