ВИДЕО: Скандал во Нион, ќе се повтори жрепката за Лигата на шампионите!

Со жрепка во Нион ги дознавме сите парови во осминафиналето на ЛШ/фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Манчестер јунајтед двапати беше извлечен во денешната жрепка за осминафиналето во Лигата на шампионите во Нион, Швајцарија.

На жрепката во која учествуваше поранешната легенда на Арсенал, Русинот Андреј Аршавин имаше неверојатен пропуст.

Правилото е дека во првата рунда од нокаут фазата не може да се сретнат клубовите кои биле во иста група, или доаѓаат од иста земја.

Но, Виљареал за противник го доби Манчестер јунајтед. Имено, кога беше извлечен Виљареал, топчињата беа ставени во садот во кој беа победниците од групите против кои може да игра шпанскиот тим, а по грешка го уфрлија Јунајтед.

„Не, не, тоа не е можно. Мораме да извлече друг клуб – беа зборовите на збунетиот Џорџо Маркети, еден од организаторите на жрепката.

Ја повторија процедурата, беше извлечен Манчестер сити, а Јунајтед подоцна доби Пари Сен Жермен.

– УЕФА ЈА ПРИЗНА ГРЕШКАТА, СЕ ПОВТОРУВА ЖРЕПКАТА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Голема грешка им се случи на челните луѓе на УЕФА кои беа задолжени за спроведување на ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите, поради што таа ќе се повтори денеска од 15 часот.

– Поради технички проблем со софтверот на надворешен добавувач на услуги кој им дава инструкции на официјалните лица кои тимови имаат право да играат меѓу себе, се случи материјална грешка при ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА.

Како резултат на ова, ждрепката е прогласена за неважечка и целосно ќе биде повторно извршена во 15:00 часот по средноевропско време.

ФОТО+ВИДЕО: Брутално исмејување поради жрепката за ЛШ, ова се најдобрите шеги!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот