Коневски: ИО има двотретинско мнозинство на делегати за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Имаме обезбедено двотретинско мнозинство за одржување на вонреден конгрес на партијата, истакна попладнево членот на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски во емисијата „10 минути“ на ТВ 21.

Поранешниот градоначалник на Аеродром тврди дека конгресот што го закажа Иницијативниот одбор е легитимен и дека поддршка на Иницијативата дале околу 500 делегати од последниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, а меѓу поканетите ќе бил и Мицкоски.

– Целта е да побараме одговорност од актуелното раководство, пред сè, од претседателот за неколкуте изборни порази. Ќе биде поканет и Мицкоски, па доколку ги убеди делегатите дека поразите не се по негова вина, се надеваме дека партијата ќе излезе посилна и пообединета, нагласи Коневски.

Одлуката за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ја донесе Иницијативен одбор и собирот на делегатите го закажа за 28 март во Скопје. Од таму сметаат дека Мицкоски повеќе „нема капацитет да ја води партијата и дека не уживал доверба меѓу членството“.

Неколку часа подоцна, заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ чии членови ја отфрлија Иницијативата за вонреден конгрес и донесоа одлука за одржување на редовен конгрес во ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот