Конечно се смири вулканот на Ла Палма, беше активен скоро три месеци

Вулкан, Ла Палма / Фото: EPA-EFE/CARLOS DE SAA

Локалните власти денеска прогласија крај на ерупцијата на вулканот Кумбре Вијеха на шпанскиот остров Ла Палма, откако тој три месеци беше интензивно активен.

Научниот комитет соопшти дека ерупцијата е завршена. Ерупцијата, што почна на 19 септември, траеше 85 дена и 18 часа.

Лавата предизвика голема материјална штета, а илјадници луѓе беа евакуирани.

Претходната ерупција на вулканот Кумбра Вијеха беше пред 50 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот