Конечно решете ја дилемата: Овие рамки на наочари најдобро одговараат на вашиот лик! (ФОТО)

Потрагата по совршениот пар наочари за сонце знае да биде исцрпувачка, но со неколку добри совети ќе ѝ дојде крај на вашата мака. Внимавајте на овие работи при следниот шопинг:

Доколку имате лице во облик на срце

Дали имате пошироко чело и јаболчници, а тесна брада? Доколку е така случајот, вие имате срце облик на ликот. Клучот лежи во тоа да го проширите изгледот на брадата и лицето да го направите пропорционално. Авијатичарскиот стил е одличен избор, тој ќе ви ја ублажи ширината на челото и ќе ги омекне острите линии на брадата.


Овален облик

Доколку имате овален облик на лицето, тогаш и вашите црти на ликот се релативно избалансирани. Овалната форма значи дека лицето ви е подолго отколку пошироко, па затоа можете да поминете одлично со повеќето стилоти, се додека рамките не се пошироки од најширокиот дел на лицето. Најдобро ви стојат „мачкасти“ рамки.


Квадратна форма на лице

Имате изразена вилица и широко? Бирајте рамки кои имаат заоблени ивици, за да ги ублажите острите линии на лицето. Округлите рамки најдобро ви прилегаат, а моментално се и водечки тренд.


Округло лице

Клучот е во додавањето на структура. Доколку имате благи облини, слична ширина и должина, треба да барате рамки со истакнати линии на ивиците за да го дефинирате подобро ликот. Држете се што подалеку од впечатливи бои и барајте потемни нијанси како црна, за да ја намалите ширината. Квадратната форма е токму за вас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот