Кондов: Не држи тезата дека Ковачев е „колатерална штета“, ќе ги известиме партнерите за однесувањето на Скопје

Новиот технички министер за надворешни работи на Бугарија, Иван Кондов кој неодамна беше именуван на функцијата, почетокот на мандатот го одбележа со специјален брифинг за медиумите за последните случувања во односите на Бугарија со Македонија.

Кондов, како што објавија бугарските медиуми, говореше за случајот со забраната за влез во Македонија на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, на Милан Врабевски и тројца други бугарски граѓани кои сакале да оддадат почит на бугарските воени гробишта во Ново Село, струмичко. Министерот објаснил дека во документот што го добиле бугарските граѓани од македонскит егранични органи било посочено дека тие фигурираат на списокот на лица со забранет влез во граничниот систем на земјава.

– Впечаток ни остави дека објаснувањето на амбадсадорот на РСМ во Софија и соопштението на Министерството за надворешни работи во Скопје се разидуваат со официјалните документи врачени од граничните власти, изјавил Кондов.

Според него, не држи тезата дека Андреј Ковачев е „колатерална штета“ на други лица кои претставувале закана за јавниот ред.

Кондов додаде дека бугарското МНР е во процес на информирање на сите партнери за овој „акт без преседан кој што не се совпаѓа со она што го кажува Скопје дека има намера да работи на добрососедските односи и исполнување на преземните обврски“. Тој уште најави дека до европските институции писма ќе испратат Претседателството, Народното собрание и Министерството за надворешни работи.

– Очекуваме земја која е кандидат за членство во Европската Унија ефективно да ги заштити сите свои граѓани. Наместо тоа, сведоци сме на обиди да се замолчи гласот на македонските Бугари, со кревање неосновани обвинувања против нив, со притисоци со тужби, со нивно демонизирање во медиумите и особено на социјалните мрежи, изјави Кондов.

Тој уште дополни дека властите во Скопје не исполнуваат и други преземени обвтрски, па не покажуваат дури ни гестови на добра волја, како на пример кон Бугарите репресирани од комунистичкиот режим таму или отворањето на архивите од периодот пред 1991 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот