Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во судовите констатираше низа пропусти на Судскиот совет

Судски совет - табла / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Во четири основни судови во државата, во Берово, Крушево, Кратово и Куманово не се почитувале законските одредби за исклучување и вклучување како и изземање на судии од АКМИС, имало недоволен број на судии во помалите судови со основна надлежност, како и недоволен број на информатичари во судовите. Ова се само дел од низата пропусти на Судскиот совет што Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во судовите ги констатираше по извршениот надзор во првите шест месеци од годинава.

Констатирано е дека не се распишуваат огласи за вработување и унапредување и покрај добиена согласност од страна на поранешни претседатели, неконтинуирано се архивираат предмети, а нема ниту соодветен архивски простор и предметите се чуваат во подруми. Не функционира тонското снимање, соопштија од Министерството за правда.

Тие додаваат дека во наредниот период на веб-страницата на Министерството за правда ќе бидат објавени сите записници од извршените надзори во судовите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот