Комисијата ќе предложи олабавување на мерките, еве кога се враќаме во нормала

Ние и вчера и денес имавме состанок со Комисјата за заразни болести, донесовме план за намалување на мерките кои ќе се одвиваат во неколку фази, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната пресконференција.

– Три од критериумите се клучни, епидемијата дали е под контрола, здравствениот систем дали може да се справи со повторно појавување на случаи и дали системот на надзор може да ги открие случаите и нивните контакти и да идентификува појава на нови случаи. Основната индикација е репродуктивниот број кој треба да е помал од 1 а кај нас е 0, 6 и 0, 9 што значи дека еден пациент заразува друг пациент во просек.  Вториот е здравствениот систем да се справи со ова. И третиот последен параметар е откривањето на случаите и поврзување со претходно дијагностицирани пациенти. Над 80 отсто имаат епидемиолошка поврзаност, сите овие критериуми се исполнети, состојата во земјата е оценета како стабилна – изјави Филипче.

– Затоа комисијата ќе достави предлог за олабавување на рестриктивните мерки и тој предлог план предивидува отворање на центрите за обукација, семинари, организација на седници на органи за управување, автошколи, спортски трениниз на отворено, тенис, спортски и други обложувалници преку шалтер и затворени трговски центри без угостителска дејност и центри за рехабилитација – додаде тој.

Министерот најави и дека следната недела ќе се отворат угостителските објекти и ќе се започне со спортски тренинзи за колективните спортови.

– Следната недела во предвид е отворање на угостителски објекти, спортски тренинзи за колективни спортови и повторно после епидемиолошката анализа неделата после тоа, игрите на среќа, спортови во затворени објекти и хотелски објекти. Ова е планот кој го поднесуваме во Владата и го враќаме животот во нормала. Со одредени протоколи за функционирање и почитуваање на мерки за заштита, социјална дистанца и носење маска и дезинфекција на рацете – заврши Филипче.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот