,,Коментарите за моето семејство сум ги добивала од мала”: Кики Мукаетова вечерва гостува во RESET
Во најновата епизода од поткастот RESET ќе гостува Кики Мукаетова – млада креаторка на содржина и водителка на серијалот „Низ град со Кики“, која во разговор со Нина Ред отворено зборува за предрасудите со кои се соочува во јавноста.
Препорачано
Во најавата за епизодата, Мукаетова се осврнува на коментарите што често ги добива поради своето семејство, но нагласува дека токму родителите ѝ се најголема поддршка.
„Тие предрасуди и тие коментари за моето семејство сум ги добивала од мала. Единственото нешто што не се простува во Македонија е успехот“, вели таа.
Таа додава дека, и покрај јавните перцепции, се чувствува како сосема обична девојка, која од мала е дел од сцената.
„Јас почнав со глума на мои девет години и да не беше ‘Кики од Дајте музика’, немаше ни да биде ‘Кики сега’“, вели Мукаетова.
Видео најавата можете да ја погледнете во продолжение:
View this post on Instagram
Епизодата излегува вечерва во 20:00 часот на јутјуб-каналот на RESET.
Имено, RESET е поткаст посветен на менталното здравје, личниот развој и искрените разговори за животните предизвици. Стартуваше на 10.10.2025, на Светскиот ден на менталното здравје, со цел да инспирира, мотивира и да отвори важни теми што ретко се зборуваат гласно.
Следете ја нивната работа на платформите на Јутјуб, Фејсбук, Инстаграм и ТикТок.


