Коментар на Лавров на реакциите за апсењето на Навални: Целта на изјавите од Запад е пренасочување на вниманието од сопствената криза

Путин Лавров фото; EPA-EFE/SEAN GALLUP / POOL

Целта на изјавите од Запад за притворањето на блогерот Алексеј Навални е да пренасочи внимание во која се наоѓа либералниот модел на развој, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на годишната конференција за новинари.

ВИДЕО: Навални експресно уапсен на аеродромот во Москва, му се заканува затвор од 10 години

– Гледаме како се фатија за вчерашната вест за враќањето на Навални во Русија. Јасно се чувствува со каква радост стигнуваат коментарите, како прекопирани се. Со радост, бидејќи тоа им овозможува на западните политичари да мислат дека на тој начин можат да пренасочат внимание од најдлабоката криза во која се најде либералниот модел на развој, истакна рускиот министер за надворешни работи.

ВИДЕО I Апсења на московскиот аеродром „Внуково“: Приведени повеќемина приврзаници на Навални

Лавров е убеден дека „не треба да се бараат надворешни причини за правдање на сопствените одлуки и пренасочување на вниманието од сопствените приблеми и кризи, туку напротив треба да се игра искрено и да се бара можност за решавање на сопствените внатрешни проблеми во искрена и рамноправна меѓународна соработка“.

ВИДЕО: Почна сослушувањето на Навални

– Сега никој не може сам да се носи со своите проблеми без вклучување на меѓународни мултилатерални формати, нагласи тој.

Навални, по кого беше распишана потерница, вчеравечер се врати во Русија од Германија и веднаш беше притворен на аеродромот „Шереметјево“ во Москва. За судбината на Навални ќе ја одреди судот, а дотогаш тој ќе остане во притвор.

ВИДЕО | Андоновиќ: Активирана условна казна и црвен картон за опозиционерот Навални

На ослободување на Навални повикаа американскиот Стејт департмент, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и лидери и министри за надворешни работи на бројни европски држави.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел лут на Кремљ: Веднаш да го ослободите Навални

По приведувањето на Навални: Сајтот на руската Федерална служба веќе два часа е мета на хакерски напади

Реакции од европски држави и САД за апсењето на Навални

Советник за национална безбедност на Бајден: Навални мора веднаш да биде ослободен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот