ВИДЕО | Андоновиќ: Активирана условна казна и црвен картон за опозиционерот Навални

epa08944944 A still image taken from a handout video footage posted by Kira Yarmysh, press-secretary of Alexei Navalny, on Twitter shows Russian opposition leader and anti-corruption activist Alexei Navalny (front 2-L) and his wife Yulia (front- L), during Navalny's detention by officers of the Russian Federal Penitentiary Service at the Sheremetyevo airport in Moscow, Russia, 17 January 2021. Alexei Navalny was detained after his arrival to Moscow from Germany. EPA-EFE/KIRA YARMYSH EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој беше приведен вчера при пристигнувањето на московскиот аеродром Шереметјево, е спроведен од транзитната зона на аеродромот до блиска полициска станица и се наоѓа во притвор.

Рускиот опозиционер имаше ултиматум од властите да се врати во земјата до 30 декември, во спротивно ќе му бидат активирани две условни казни за проневера на пари. Тој од август беше во Германија каде се лекуваше од труењето со нервен гас, за што беше обвинета актуената администрација на Владимир Путин во Москва.

Критичарот на Кремљ, се врати во Русија откако се лекуваше во Германија поради труење. Навални ја напушти Германија каде помина неколку месеци во опоравување од труењето со нервен гас во август. Авионот со кој патуваше од Берлин беше пренасочен на друг аеродром Шереметјево, бидејќи на првичната дестинација – аеродромот Внуково, биле собрани голем број негови приврзаници кои откако ја дознале веста дека се враќа во Русија се насобраа да го пречекаат и подржат неговото враќање.

Во пресрет на неговото враќање во Москва, руската Федерална казнено-поправна служба најави дека планира да го приведе Алексеј Навални. Навални официјално беше предупреден на можноста за укинување на условната казна и замена со ефективна, доколку не се појави во Москва до 30 декември, но тој не се појави. Сега му се заканува укинувањето на двете условни и спроведување на две затворски казни од по 5 години.

ВИДЕО I Апсења на московскиот аеродром „Внуково“: Приведени повеќемина приврзаници на Навални

ЕУ и САД го осудија апсењето на Навални и побараа од Москва да го ослободи едниот од последните опозициони лидер во Русија И Брисел и Вашингтон ја повикаа руската влада да обезбедни еднакви услови за сите политички партии и кандидати кои сакаат да учествуваат во изборниот процес.

Инаку Навални изминатите години на неколкупати беше цел на руските безбедносни служби и властите во Москва за негово елиминирање од плитчката сцена. Тој се смета за последниот руски опозиционен политичар кој може да му ги помати плановите на актуелниот рпетседател Владимир Путин во неговото 20 годишно владеење со Русија.

Навални, ужива голема подршка од западот и пред се од САД, Но се чини дека за веме на администрацијата на Трамп изминатите 4 години, освен реторика, Вашингтн никогаш сериозно да ги осуди акциите на Москва и Путин во замолчувањето на рускиот опозиционер.

Индикативно е што токму на два дена пред официјалното преземање на престедателсата фунцкија на Џо Бајден, Навални одлучува да се врати во Москва каде со сигурност знаеше дека ќе иде уапсен. Познато е дека за разлика од претседателот во заминување Трамп, Бајден и демократите се многу поголеми критичари кон политката на Путин и Русија , па оттаму се прогнозира дека апсењето на Навални можеби ќе биде и една од првите политички контра – потези кои ќе ги преземе новиот претседател Бајден.

А дотогаш, Бајден и САД ќе мора тој да ја завршат престедателската инаугурација, која по се изгледа ќе помине во големи безбедносни мерки и неизвесност од евентуални нови безбедносни инциденти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот