По приведувањето на Навални: Сајтот на руската Федерална служба веќе два часа е мета на хакерски напади

Хакери/ Фото: ЕПА

Официјалната интернет страница на руската Федерална служба за извршување на затворски санкции (ФСИЗС) стана мета на хакерски напади, откако нејзини припадници вечерва на аеродромот „Шереметјево“ во Москва го уапсија опозицискиот лидер Алексеј Навални по враќање од Германија.

– Интернет страницата веќе два часа е под непрекинати хакерски напади. Стручњаците работат на нејзино приспособување, пренесува агенцијата ТАСС извор близок со ФСИЗС кој не можеше да каже од каде доаѓаат хакерските напади.

Службата за односи со јавност на ФСИЗС претходно соопшти дека на пасошка контрола на „Шереметјево“ беше приведен рускиот опозициски лидер Алексеј Навални по неговото враќање од Германија каде од август лани се лекуваше по наводно труење со нервниот агенс „Новичок“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот