ВИДЕО: Почна сослушувањето на Навални

Сослушувањето во случајот на рускиот опозиционер Алексеј Навални почна денеска во градот Химки, близу Москва, соопшти неговата портпаролка Кира Јармиш.

Таа на Твитер напиша дека сослушувањето на Навални почна во 10.30 часот.

Руската затворска служба побара Навални да остане во притвор, јави агенцијата Интерфакс.

Навални е уапсен вчера на аеродромот во Москва, по доаѓањето во Русија од Германија.

ВИДЕО | Андоновиќ: Активирана условна казна и црвен картон за опозиционерот Навални

ВИДЕО I Апсења на московскиот аеродром „Внуково“: Приведени повеќемина приврзаници на Навални

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот