ВИДЕО: Навални експресно уапсен на аеродромот во Москва, му се заканува затвор од 10 години

 Рускиот опозиционер Алексеј Навални откако слета на московскиот аеродром Шереметјево, задржан е во притвор.

Навални и покрај предупредувањето дека ќе биде затворен, тој денеска полета од Берлин, каде каде му беше укажана лекарска помош откако во август минатата година беше отруен со нервен агенс „Новичок”.

Претходно, официјална Москва го предупреди Навални дека ако до 30 декември не се врати во Русија, ќе биде уапсен бидејќи не ги испочитувал обврските за условните казни.

Навални има две условни казни по пет години за случаите „Кировлеса” и за „Ив Роше”. Во првиот случај е обвинет за проневера од над 16 милиони рубљи (околу 180.206 евра), а за вториот за проневерени повеќе од 30 милиони рубљи (околу 337.886).

Според снимките кои ги објавија агенциите, Навални е задржан во притвор кога го покажа пасошот на руската полиција при контрола пред формалното влегување во Русија. На неговата сопруга Јулија, на неговиот портпарол и на адвокатот овозможено им е да влезат во Русија. Навални тогаш ја бакна сопругата и исчезна со полицајците.

Авионот со кој патуваше Навални наместо на Внуково слета на аеродромот Шереметјево.

Првично пилотот најавил доцнење од 30 минути поради „технички проблеми”, а потоа ги известил патниците оти авионот е пренасочен и оти ќе слета на московскиот аеродром Шереметјево.

Навални пристигна во Русија: Наместо на аеродромот „Внуково“, авионот со опозицискиот лидер слета на „Шереметјево“

Претходно, полицијата уапси околу 10 приврзаници на опозиционерот Алексеј Навални, кои го чекаат на аеродромот Внуково. Меѓу уапсените е и опозициската политичарка Љубов Собољ.

ВИДЕО I Апсења на московскиот аеродром „Внуково“: Приведени повеќемина приврзаници на Навални

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот