ВИДЕО I Апсења на московскиот аеродром „Внуково“: Приведени повеќемина приврзаници на Навални

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Руската полиција уапси неколку приврзаници на опозиционерот Алексеј Навални на московскиот аеодром Внуково. Тие таму го чекаат Навални да долета од Германија. На видео-снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како полицијата ја приведува опозициската политичарка Љубов Собољ.

Навални попладнево се враќа во Русија од Германија каде се лекуваше од август лани по труењето со нервниот агенс „Новичок”.

Претходно, официјална Москва го предупреди Навални дека ако до 30 декември не се врати во Русија, ќе биде уапсен бидејќи не ги испочитувал обврските за условните казни.

Навални има две условни казни по пет години за случаите „Кировлеса” и за „Ив Роше”. Во првиот случај е обвинет за проневера од над 16 милиони рубљи, а за вториот за проневерени повеќе од 30 милиони рубљи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот