Лазе Манасков (1958-2025)- Фото: Принткрин/ЈУтјуб

Комеморацијата во чест на Лазе Манасков ќе се одржи на 24 декември, во Драмскиот театар

Погребот на актерот Лазе Манасков, кој почина на 20 декември на 67-годишна возраст, ќе се одржи денеска на Градските гробишта во Бутел. Како што информираат од Драмскиот театар – Скопје, каде што Манасков ја мина најголемата дел од својата професионална кариера, телото ќе биде изложено во капелата од 11:30 до 12:30 часот.

Комеморативен настан во негова чест ќе се одржи на 24 декември, со почеток во 12 часот, во просториите на Драмскиот театар.

Манасков е роден на 27 март 1958 година во Скопје, а дипломирал на Факултетот за драмски уметности во главниот град. Од 1983 година беше дел од ансамблот на Драмски театар – Скопје, каде што остана активен сѐ до своето пензионирање во 2022 година.

Покрај впечатливите театарски улоги, Манасков зад себе остави и значаен печат во филмската и телевизиската продукција. Публиката ќе го памети по настапите во повеќе македонски филмови и серии, меѓу кои „Големата вода“, „Сенки“, „Исцелител“, „Врба“, „Хомо“, „Кајмак“, како и телевизиските проекти „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Преспав“, „Фамилијата Марковски“, „Бистра вода“ и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот