Комеморација во чест на новинарот Саше Димовски

На 27 август во 14 часот во Клубот на новинари при ЗНМ ќе се одржи комеморација во чест на новинарот Саше Димовски.

Саше Димовски почина на 47-годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации.

Тој беше долгогодишен соработник и член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) како и претседател на Советот на честа при ЗНМ.

Димовски работеше како новинар од 1996 година во телевизиите Сител, Канал 5 и 24 Вести. Работеше во неделникот и во дневниот весник „Фокус“ како новинар и уредник. Соработуваше со повеќе дневни и неделни изданија, локални и регионални ТВ-медиуми.

Основач е на граѓанската организација и онлајн медиумот „Сведок“ од 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот