Фото: Pexels/Karolina Grabowska

Колку мачката како домашно милениче може да влијае на ризикот од добивање шизофренија?

Според студиите, мистериозната врска помеѓу мачките и шизофренијата на нивните сопственици навистина постои.

Нов преглед на анализи и истражувања сугерира дека луѓето кои имаат мачка како домашно милениче може потенцијално да го удвојат ризикот од нарушувања поврзани со шизофренија. Австралиските истражувачи спроведоа анализа на 17 студии објавени во последните 44 години, од 11 земји, вклучувајќи ги САД и Велика Британија, пишува „Саенс алерт“.

„Најдовме врска помеѓу поседувањето мачки и зголемените шанси за развој на нарушувања поврзани со шизофренија“, пишуваат психијатарот Џон Мекграт и неговите колеги истражувачи, сите од Истражувачкиот центар за ментално здравје во Квинсленд.

Идејата дека мачките како домашни миленици може да се поврзат со ризикот нивните сопственици да развијат шизофренија се појавила во една студија уште во 1995 година, а како причина била предложена изложеноста на паразитот „Toxoplasma gondii“. Сепак, претходните истражувања дошле до различни заклучоци за ова прашање.

Истражувањата покажаа дека престојот во близина на мачки во текот на детството може да предизвика поголема веројатност лицето да развие шизофренија. Сепак, не сите студии ја нашле истата поврзаност.

Некои, исто така, ја поврзаа блискоста со и да се биде околу мачките со повисоки оценки на „вагата“ што ги мери карактеристиките поврзани со шизофренија. Но, повторно, други студии не ја покажаа оваа врска.

Фото: Pexels/Karolina Grabowska

Различни заклучоци од студиите

За да се добие појасна слика, Мекграт и неговиот тим велат дека има потреба од темелен преглед и анализа на сите истражувања на овие теми.

Паразитот „Toxoplasma gondii“ е генерално безопасен и може да се пренесе преку недоволно варено месо или контаминирана вода. Залак од заразена мачка или измет од заразена мачка исто така може да го пренесе овој паразит. Се проценува дека дури 40 милиони луѓе во САД можат да бидат заразени со овој паразит, обично без никакви симптоми.

Во меѓувреме, истражувачите продолжуваат да откриваат сѐ повеќе и сѐ почудни ефекти што овие инфекции можат да ги имаат. Откако ќе се најде во нашето дело, паразитот може да се инфилтрира во централниот нервен систем и да влијае на невротрансмитерите. Паразитот е поврзан со промени во личноста, психотични симптоми и некои невролошки нарушувања, вклучително и шизофренија. Сепак, врската не докажува дека паразитот ги предизвикува овие промени или дека паразитот е пренесен на луѓето од мачки.

Новата анализа на 17 студии откри „значајна позитивна поврзаност помеѓу широко дефинираното сопственост на мачки и зголемениот ризик од нарушувања поврзани со шизофренија“.

„Откривме дека индивидуите изложени на мачки имаа приближно двојно поголеми шанси да развијат шизофренија“, пишува тимот.

Сепак, има некои важни работи што треба да се имаат на ум, како што е фактот дека 15 од 17 студии биле студии за контрола на случај. Овој тип истражување не може да ја докаже причината и последицата, и често не ги зема предвид работите кои можеби влијаеле и на изложеноста и на исходот.

Голем број од проучуваните студии биле со „лош квалитет“, нешто што го посочуваат и авторите. Наодите биле неконзистентни низ студиите, но оние со повисок квалитет сугерираат дека асоцијациите во неприлагодените модели можеби се последица на фактори кои можеле да влијаат на резултатите.

Фото: Pexels/Karolina Grabowska

Влијанието на факторот време

Една студија не откри значајна поврзаност помеѓу поседувањето мачка пред 13-годишна возраст и подоцнежниот развој на шизофренија, но откри значајна поврзаност кога сопственоста на мачка била намалена на одреден период (од 9 до 12 години). Оваа недоследност сугерира дека клучната временска рамка за изложеност на мачки не е јасно дефинирана.

Едно американско истражување во кое учествувале 354 студенти по психологија не открила врска помеѓу сопственоста на мачка и резултатите од шизофреничните нарушувања. Сепак, оние кои доживеале каснување од мачка имале повисоки резултати во споредба со оние кои не доживеале.

Друга студија, која опфати луѓе со и без ментални нарушувања, откри врска помеѓу каснувањето од мачки и повисоките резултати на тестовите кои мереле одредени психолошки искуства. Но, тие сугерираат дека други патогени, како што е „Pasteurella multocida“, може да бидат одговорни за тоа.

Истражувачите се согласуваат дека се потребни поквалитетни и пошироки истражувања пред да се направат какви било цврсти толкувања.

„Како заклучок, нашиот преглед дава поддршка за поврзаноста помеѓу сопственоста на мачки и нарушувањата поврзани со шизофренија. Но, постои потреба од повеќе висококвалитетни студии, базирани на големи, репрезентативни примероци, за подобро да се разбере чувањето мачки како фактор што може да го измени ризикот од ментални нарушувања“, пишуваат авторите.

Ветеринар открива: Дали мачките имаат чувство на вина?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот