Колку брзо ќе ги завршиме преговорите со ЕУ, сега зависи од сите нас, вели Ковачевски

Димитар Ковачевски / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Секое одложување или блокирање на носењето на одлуките во Собранието кои се однесуваат на евроинтеграцијата значи закочување на државата кон полноправно членство на ЕУ. Сега од нас зависи, од сите политички партии од сите пратеници во Собранието и од сите ангажирнаи во процесот на преговори колку брзо ке го завршиме процесот на преговори и пристапување кон ЕУ, рече премиерот Димитар Ковачевски на средбата со новинарите во Софија.

„Основата на нашето членство во НАТО, на нашето отпочнување на прговори со ЕУ се Преспанскиот договор со кој постигнавме согласност со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија врз основа на кој се постигна согласнот за кревање на ветото на Бугарија и отпочнивање на преговорите со ЕУ. На тој пат на членството на ЕУ имаме активности кои треба да ги преземаме и за дел од нив се задолжени пратениците во Собранието. Секое блокирање на носењето на овие одлуки, секое одложување или блокирање значи закочување на државата кон полноправно членство на ЕУ. Сега од нас зависи, од сите политички партии од сите пратеници во Собранието и од сите ангажирнаи во процесот на преговори колку брзо ке го завриме процесот на преговори и пристапување кон ЕУ“, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање за време на брифингот во македонскиот Културно-информативен центар, по средбите со бугарската Влада и со претседателот Румен Радев.

Тој потсети дека Северна Македонија ги почна преговори со ЕУ и дека Владата донесе одлука за формирање на пргеоварачката структура.

„Ние веќе имаме главен преговарач, имаме комплетна структура и до 15 септември имаме отпочнување на скрининг процесот кој што е исклучитлено значаен дел од пргеоворите, бидјеќи преку скринингот се дефинираат обврските кои една држава ги има во делот на преговорите со Унијата“, рече Ковачевски, нагласувајќи дека очекувањата се земјата овој процес да го заврши до 2030 година како и дека ние го имаме тој капацитет.

Тој нагласи дека денешниот состанок што го одржаа со бугарската техничка Влада, а подоцна и со претседателот на Република Бугарија, Радев, е дел од состаноците коишто ги прават со цел да се обезбеди се што е потребно за непречено снабдување со електрична енергија на државата во текот на четвртиот квартал од оваа и првиот квартал од идната година, коишто се, вели, секогаш најкритични за снабдување со електрична енергија со оглед на зголемените потреби како за затоплување, така и за индустријата.

„Она што како држава веќе го имаме направено е зголемување на производството на електрична енергија во домашните капацитети, за што ЕСМ има веќе добиено задача за зголемување на производството за 25 проценти и со тоа ги покриваме потребите на граѓаните на регулираниот пазар, знаќи на домаќинствата и на малите потрошувачи. Тоа се 72.000 компании кои добиваат електрична енергија по субвенционирана цена од страна на државата“, потсети премиерот Ковачевски.

Ковачевски, придружуван од владината делегација, попладнето во Софија имаше работен состанок и со претседателот на Република Бугарија Румен Радев, на тема справување со енергетската криза и унапредување на билатералните односи. Притоа, Радев посочил дека Бугарија повторно ќе биде солидарна со „братска Македонија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот