КОЛИНДА ОБЛЕЧЕ ТЕСЕН КОЖЊАК, РЕГИОНОТ ВО ДЕЛИРИУМ: Погледнете како изгледаше хрватската претседателска! (ФОТО)

Сјајно погоден ретро изглед, со кој потсети на филмовите од педесетите.

Претседателската на Република Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ присуствуваше вчера на традиционалната прослава на американскиот Ден на независнота во Амбасадата на САД во Хрватска и одушеви со својот изглед. Имено, темата на журката чиј домаќин беше американскиот амбасадор во Република Хрватска, Роберт Кохорст, беше педесетите а претседателката се облече комплетно во тој стил.

Претседателката облече точкаст фустан, кожњак и црвени чевли, а сето тоа го зачини и со жолта торбичка како и очила за сонце.

Сјајно погодениот ретро изглед, со кој потсети на филмовите од педесетите. Инаку овој моден тренд за прв пат се појавува на средината на триесетите години од минатиот век, но вистинска експанзија доживува во педесетите години, кога познатите точкасти креации ги дизајнираа великаните како Кристијан Диор.

Најпознатите точкасти фустани во тоа време ги носеа филмските диви како Мерлин Монро и Одри Хепберн. Вистински rockabilly стил! Изгледот е тој кој всушност никогаш не излегува од мода, а можеби најмногу сеќавање ни остави култниот точкаст фустан кој го носеше Џулија Робертс во „Убава жена“.

– Американската Амбасада во Загреб беше домаќин на забавта по повод Денот на независност. Ви благодарам на сите кои дојдовте. Темата беше педесетите. Интересна забава со одлична храна, пијалоци и музика. Среќен роденден, Америка!“ – напишаа од службениот Твитер на Амбасадата на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот