Колесникова: Ми се заканија дека ќе ме протераат жива или на делови ако доброволно не ја напуштам Белорусија

Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Белоруската опозиционерка Марија Колесникова тврди дека безбедносните службеници и ставиле ќеса врз главата и се заканиле дека ќе ја убијат при насилниот обид за нејзина депортација во Украина, се наведува во изјавата што денеска ја поднел нејзиниот адвокат. Британските медиуми пренесуваат дека Колесникова изјавила дека е искрено исплашена за нејзиниот живот.

– Особено ми беше нагласено дека доколку доброволно не ја напуштам Белорусија, тие сигурно ќе ме протераат, жива или во делови. Имаше закани дека ќе ме стават во затвор до 25 години”, напишала Колесникова во изјавата.

Белоруските медиуми се повикуваат на очевидци: Киднапирана опозиционерката Марија Колесникова

Нејзиниот адвокат изјави дека Колесникова поднесува кривични пријави против белоруските власти, вклучувајќи ја и безбедносната полиција КГБ.

Колесникова, истакнат лидер на протестите против реизборот на претседателот Александар Лукашенко, го спречи обидот да биде протерана од земјата, со тоа што го искинала својот пасош. Таа во моментот се наоѓа во притвор во Минск.

Колесникова била приведена под сомнение дека сторила предавство, како дел од кривичната постапка за обид за преземање на власта, ја цитираа руските меидуми изјавата на нејзиниот адвокат.

Во понеделникот беше објавена неофицијална информација дека оваа истакната опозиционерка „исчезна”, односно дека маскирани лица ја турнале во минибус. Информацијата беше објавена ден по масовните протести против Лукашенка во Минск за време на викендот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот