Белоруските медиуми се повикуваат на очевидци: Киднапирана опозиционерката Марија Колесникова

Марија Колесникова / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Неидентификувани лица во центарот на Минск, Белорусија ја киднапирале Марија Колесникова, лидерка на белоруските протести и ја однеле со комбе во непознат правец, соопштија локалните медиуми повикувајќи се на очевидци. Британските медиуми јавуваат дека соработниците на Колесникова ги проверувале овие извештаи на медиумите.

Светлана Тихановскаја и Марија Колесникова / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Белоруската полиција, исто така, ја испитува веродостојноста на информацијата, а истовремено таа денеска соопшти дека 633 лица се уапсени за време на демонстрациите што вчера се одржаа во главниот град Минск поради контроверзниот реизбор на Александар Лукашенко за претседател.

– Вчера беа приведени вкупно 633 лица за кршење на законот за масовни собири”, се наведува во соопштението на белоруското Министерство за внатрешни работи, прецизирајќи дека дури 363 од нив се притворени.

Според порталот „ТУТ.би“, утринава непознати лица ја грабнале Марија Колесникова во центарот на Минск, кога била ставена комбе и однесена во непознат правец. Од порталот се повикуваат на сведок со име „Анастасија“, која за редакцијата раскажала што видела утринава околу 10 часот. 

Сведокот тврди дека додека се движела по улицата на која се наоѓа Националниот музеј на Уметноста во Минск, слушнала звук од потпетици, по што се завртела и ја забележала опозиционерката Марија Колесникова.

„Знаев дека е таа, ја имам видено и порано во живо. Сакав да и пристапам за да и искажам благодарност, но се предомислив затоа што изгледаше уморно. Продожлив да одам и случајно повторно се свртев, кога забележав паркирано комбе со натписи „Комуникации“ и лого на „Собол“, недалеку од музејот. Неколку моменти потоа се слушна тресок од мобилен телефон, а веќе тогаш Марија Колесникова беше грабната и ја туркаа во комбето. Еден од нив и го одзема телефонот, скокна во комбето по што се оддалечија“, сведочи Анастасија за „ТУТ.би“, која вели дека не се осмелила да го сними киндапирањето со телефон бидејќи била премногу блиску и се исплашила дека и таа ќе биде киднапирана.

Марија Колесникова / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Ова е досега најмасовното апсење демонстранти од првите протести по спорните претседателски избори на 9 август. Вчера, четврти викенд по ред, во Минск протестираа повеќе од 100.000 лица, а во градот беа распоредени и голем број полицајци и војници.

Протести имаше и во неколку други белоруски градови, особено во Гродно и Брест, во западниот дел од земјата.

За повеќе вести поврзани со состојбата во Белорусија, кликнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот