Колажни апстракции на Валентина Поцеска се изложени во галерија „Метаноја“

Покана за отворањето на изложбата во галеријата „Метаноја“

Во галеријата „Метаноја“ во Скопје, во соработка со „Балкански институт за вера и култура“, на 14 март, во 19 часот, ќе биде отворена изложбата „Quo Vadis“ на академскиот сликар Валентина Поцеска. Изложбата ќе трае во текот на март 2024.

За изложбата д-р Коста Милков напиша: „Во изложените дела на Поцеска доминираат три геометриски форми, триаголникот, кругот и квадратот. Според нејзиниот уметнички и духовен сензибилитет овие форми се ’врската‘ меѓу физичкото и духовното. Од една страна, тие претставуваат физички фигури врз кои се темелат основните архитектонски закони, а од друга страна, секој од нив е симбол за определена духовна димензија. Од христијанска толковна точка кругот е симбол на вечноста, триаголникот на Светата Троица, а квадратот на правдата и на вистината. Оваа интуитивна ’теолошка‘ беседа на Поцеска станува повпечатлива со не толку честото, но значително, вклучување и на фигурата на крстот – најважниот христијански симбол. Колажните апстракции на Поцеска се втемелени во катафатичките физички феномени и конципирани преку апофатичките метафизички идеи.“

На отворањето на изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков и директорката на Галерија „Метаноја“ м-р Нада Милкова.

Валентина Поцеска е родена 1965 во Скопје. Во 1987 дипломирала на ФЛУ во класата на проф. Димитар Кондовски. Од 1992 година работи во Национален конзерваторски центар – Скопје, во одделот за конзервација на икони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот