Плакат за изложбата во Белград

Изложбата „Експериментален цртеж“ на ДЛУМ ќе биде претставена пред белградската публика

Изложбата „Експериментален цртеж“, работена на тема „Невидливи траги“, на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), која во април беше отворена во Музејот на град Скопје, ќе има можност да ја види и белградската публика.

Делата на 42 уметници, членови на ДЛУМ, ќе бидат претставени во македонскиот Културно-информативен центар во Белград, а на отворањето на изложбата, на 18 јуни, со почеток во 20 часот, ќе говорат претседателката на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева Чупоска, претседателката на Уметничкиот совет, проф. д-р Маја Рауник Кирков, и директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров.

Гостувањето на изложбата „Експериментален цртеж“ во Белград е поддржано од Министерството за култура и туризам, како и од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија.

На изложбата, како и во Скопје, ќе бидат изложени дела на: Јана Манева Чупоска, Ицко Петрески, Ивона Велковска, Ацо Таневски, Гоце Божурски, Слободан Милошески, Златко Глигоров, Ангел Димовски Чауш, Душан Георгиевски, Марина Коцарева Ранисављев, Марија Мицова Гацова, Елена Гелева, Зулејха Зубери Али, Христина Хаџиева, Ненад Тонкин, Стефан Јакимовски – Стеф, Константин Качев, Елена Николоска Цветковиќ, Ристо Мијаковски, Иво Пецов, Стефан Анчевски, Наташа Андонова, Дијана Томиќ Радевска, Јана Јакимовска, Мирјана Крстева Масети, Ирена Паскали, Стефан Хаџи Николов, Марина Цветановска Мартиновска, Дејан Иванов Маргуш, Љупка Галазка Василев, Нина Богуновиќ, Ана Ивановска, Татјана Ристовска Керакамика, Тања Балаќ, Маја Рауник Кирков, Марија Чепишева, Стефан Младеновски, Валентина Илијевска, Јовица Мијалковиќ, Златко Хаџи Пецов, Перо Кованцалиев и Слободан Живковски.

Изложбата „Експериментален цртеж“ веќе традиционално се одржува секоја година на повик на ДЛУМ, а за учество на неа, од пред две години заинтересираните автори ги доставуваат генералиите за своите дела, како и фотографија во креираната онлајн апликација, по што следува жирирањето од страна на Уметничкиот совет, известија од ДЛУМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот