Насловна корица на албумот на „Дуо Солипсе“

Новиот албум на „Дуо Солипсе“ е посветен на музичкиот универзум на Клод Дебиси

Снимен во „Студио 150“ во Амстердам, албумот „Pour que la nuit…“ е замислен како поетско патување низ ноќта, создавајќи суптилни врски помеѓу Клод Дебиси и неколку значајни композитори од XX век: Тору Такемицу, Едисон Денисов, Мануел де Фаља и Томислав Зографски.

Француско-македонското „Дуо Солипсе“ (Duo Solipse) е состав во кој музицираат Елена Стојческа на флејта и Ромен Петио (Romain Petiot) на гитара. Официјален датум на објавување на албумот „Pour que la nuit…“ е 5 јуни 2026 година, а издавач е „Солипсе рекордс“ (Solipse Records).

Меѓу светлината и сенката, низ разновидни звучни пејзажи, албумот открива суптилна и контрастна палета на бои и тембри. Од современиот музички јазик на Денисов до тивките, речиси океански резонанции на Такемицу во „Toward the Sea“ за алт-флејта и гитара, програмата ги истражува различните лица на ноќта.

Во срцето на проектот се наоѓа оригинален уметнички концепт: оживување на овој музички свет преку ансамбл за кој Дебиси никогаш не компонирал. Дуото претставува нови аранжмани, меѓу кои се издвојуваат редуцираната верзија на „Prélude à l’après-midi d’un faune“ (аранжман: Vincent Airault) и транскрипцијата на „Six Épigraphes antiques“ (аранжман: Ромен Петио), дела чии минијатурни форми особено природно се вклопуваат во звучноста на флејтата и гитарата. Овој дијалог го надополнуваат и две соло композиции: „Homenaje“ од Мануел де Фаља и „Invention ‘Syrinx’“ од Томислав Зографски.

Ноќта е централната нишка што ги поврзува сите дела во програмата, создавајќи атмосфера која е истовремено соновна и непосредна. Иако е поставено на самиот крај од албумот, „Prélude à l’après-midi d’un faune“ претставува негов вистински извор и почетна точка – светлина на денот што ретроспективно го осветлува целото музичко патување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот