Кокос „бакнежи“: Направете го овој колач, веднаш ќе ви стане омилен!

Фото: Профимедиа

Ако сте меѓу љубителите на кокос, овие „бакнежи“ од кокос брзо ќе ви влезат под кожа. Покрај нивниот убав изглед, тие со себе носат и задоволство во вашиот стомак, бидејќи се највкусното нешто што ќе го пробате.

Состојки:

  • 4 јајца (белки)
  • 250 гр шеќер во прав
  • 120 гр кокосово брашно
  • 50 гр брашно

Подготовка:

Изматете заедно снег од четири белки. Додадете 250 гр шеќер во прав, а потоа 120 гр кокосово брашно. Сѐ варете на пареа или тивок оган и мешајте да се згусне. Потоа смесата малку изладете ја, па додадете 50 гр брашно. Со лажица формирајте еднакви купови на подмачкан плех. Сушете ги, односно оставете ги да се стврднат 20-25 минути на температура од 80 степени.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот