Која е Вагнер групата кој е цел на новите британски санкции

Фото: Архива/Слободен печат

Велика Британија најави 65 нови санкции за руски компании и олигарси. Меѓу санкционираните е и Вагнер групата. Би-Би-Си појаснува која е оваа група и зошто е санкционирана.

Организацијата е група платеници која првпат беше идентификувана во 2014 година кога ги поддржуваше проруските сепаратисти во конфликтот во источна Украина.

Оттогаш, таа е вклучена и во други региони, вклучувајќи ги Сирија, Мозамбик, Судан и Централноафриканската Република. Паравоената група е опишана како приватна војска на Владимир Путин, јави Би-Би-Си.

Разузнавачки служби предупредуваат дека групата има задача да го убие украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, при најавата на новиот пакет санкции, ја опиша групата како „најмени насилници”, велејќи дека тие, заедно со олигарсите и бизнисите, се „соучесници во убиствата на невини цивили и правилно е тие да ја платат цената”.

Официјално нема врски меѓу Вагнер групата и руската влада – се негира каква било државна вмешаност во групата, но истовремено нејзиното постоење не е законско бидејќи приватни воени изведувачи се нелегални во Русија.

Се верува дека е финансирана од Евгениј Пригожин, богат бизнисмен со блиски врски со Путин. Но, Пригожин отсекогаш негирал каква било поврзаност со Вагнер групата, објавува Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот