Кој сака да плати 80.000 евра за автомобил?
Речиси 40 отсто од купувачите на луксузни возила планираат да купат електричен автомобил во следната година. Клучните критериуми за купување електрично возило со батерии се безбедноста, удобноста и одржливоста, како и дигиталното искуство со автомобилот.
Препорачано
Оние кои имаат искуство со возење електричен автомобил се помалку загрижени за прашањата колку трае батеријата и колку е времето на полнење. За оние кои не возеле електрични автомобили, главната грижа е стабилноста на батеријата во постудени услови. Европскиот пазар на електрични возила со батерии би можел да закрепне во текот на следната година, пред се благодарение на купувачите со подлабок џеб кои планираат да купат возила поскапи од 80 илјади евра, открива новата студија на Бостон Консалтинг Груп.
Истражувањето на пет илјади испитаници во Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија покажа дека 38 отсто од купувачите кои се подготвени да потрошат повеќе од 80.000 евра за автомобил размислуваат да купат електричен автомобил со батерии. Речиси две третини (64 проценти) од нив би купиле електрично возило наместо возило со внатрешно согорување доколку ги нуди истите спецификации, објавува Политика.


