Реката Вардар , ретко чиста - Фото - Слободен печат - Методи Здравев
Реката Вардар , ретко чиста - Фото - Слободен печат - Методи Здравев

Кој ја загади реката Вардар во Гостивар, испитуваат инспекциските служби

Водите на реката Вардар во Гостивар денеска претпладне биле со бела боја и водата во коритото не била проѕирна, извести „Телма“. Голем број граѓани алармирале за оваа појава која не се случува прв пат туку се случи и во октомври 2025 година.

Од Општина Гостивар велат дека откако загрижени граѓани им доставиле фотографии кои укажуваат на загадување на реката, испратиле инспектори на терен.

-Реката Вардар е симбол на нашиот граад и заедничка вредност што ни припаѓа на сите. Нема да дозволиме нејзино загадување и деградација од нечија неодговорност. Секое прекршување ќе биде санкционирано без компромис, велат од Општина Гостивар.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот