Кој е подготвен да каже да? Џенифер Лопез дефинитивно е! Пејачката откри дали повторно ќе се мажи

џенифер лопез бен афлек
Фото: EPA-EFE/CLAUDIO ONORATI BEST QUALITY AVAILABLE

Обновената врска на Џенифер Лопез и Бен Афлек е толку многу на порталите и насловните страници во изминатите неколку месеци, што фановите не можат а да не се запрашаат дали после сите нејзини неуспешни бракови и свршувачки, Бен ќе биде „вистинскиот“?

Во изминатите месеци обожавателите се воодушевени да ја гледаат поранешната свршена двојка повторно заедно, откако тие воопшто не се воздржуваат во изразувањето на љубовта, пасијата и привлечноста еден кој друг. Па, знаејќи каков романтичар е Џеј Ло, сите се прашуваат дали таа освен во љубов сè уште би сакала да се омажи повторно?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LorenJLover🦋❤️ (@jlomybestie)

Сега, за време на неодамнешното појавување, 52-годишната суперѕвезда беше прашана дали некогаш повторно ќе се омажи. Џеј Ло беше во брак три пати: со Ојани Ноа во 1997 година пред да се раздели во 1998 година. Во 2001 година со Крис Џад пред да се разделат во 2002 година и со Марк Ентони во 2004 година пред да се разделат во 2011 година. Беше свршена со Алекс Родригез, но нивната врска ја завршија на почетокот на оваа година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jlo Greece (@_jlo.gr_)

„Да, претпоставувам. Ме познавате, јас сум романтичар. Отсекогаш сум бил. Сум бил во брак неколку пати. Сè уште верувам во среќно до крајот на животот сигурно. Сто проценти “, изјави таа за време на гостувањето.

Џенифер сепак не се воздржуваше да каже што мисли за овековечување на љубовта, а тоа им даде надеж на фановите дека конечно ќе ја видиме среќна и заљубена со прстен на раката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Познатата пејачка и актерка се враќа на платното за филмот „Marry Me“, во кој глуми заедно со Овен Вилсон и Малума, а кој треба да ја има својата премиера на Денот на Вљубените следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот