Кои информации го добива вашето куче преку неговото сетило за мирис?

unsplash
Фото: Unsplash

Главното сетило на кучињата е сетилото за мирис, кое е толку развиено што само со негова помош можат да откријат низа информации за некоја личност или местото каде што се наоѓаат, за разлика од нас луѓето.

Мирисот се задржува на луѓето и местата некое време, па душкањето на кучињата е како да гледате видео од она што се случило. Некои сопственици ги нервира фактот кога нивните кучиња постојано нешто „душкаат“ и забораваат на се останато околу нив, вклучувајќи го и повикот на сопственикот.

Сепак, за кучињата тоа е главниот начин да го запознаат светот:

Душкање на урина и измет

Кучето може многу да научи со душкањето на урина или измет на друго куче. Нам тоа ни е одбивно, но кучињата дознаваат дали до тоа место неодамна поминало кучка или мажјак, кога поминало тоа куче и дали е добродушно или не, која година е и циклусот на размножување. Собирањето информации преку душкањето е толку важно што некои може да изгледаат преокупирани со тоа.

Душкање на меѓуножјето на сопственикот

Во отсуство на други интересни работи, кучињата можат дури и да станат малку наметливи во душкањето на меѓуножјето на една личност, што може да биде доста непријатно за сопственикот или неговите пријатели. Ваквото однесување не е штетно, но е непријатно, па можете да му го одвлечете вниманието на кучето со играчка или за да го насочи својот интерес кон нешто друго.

Интересни факти за сетилото за мирис на кучето

Делот од носот одговорен за откривање мириси кај кучињата е 37 пати поголем отколку кај луѓето. Делот од мозокот кој ги обработува стимулите кои доаѓаат од носот кај кучињата е многу поголем и покомплексен од истата област на човечкиот мозок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот