КОГА СЕ САКА СЕ МОЖЕ: Хари и Таир од улица се вратиле во живот (ВИДЕО)

Загрижувачки е податокот дека бројката на бездомници во Скопје е во постојан пораст, но сепак надеж влева тоа што и покрај бројните проблеми, петнаесетина лица успеале да се реинтегрираат во општеството.

Во изминативе години Црвениот крст е организација која што ја дава потребната поддршка на овие бездомни лица на дел од нив кои што сакаат искрено да си помогнат.

При посетата на Пунктот во Момин поток, ги сретнавме Хари и Таир, кои за „Слободен печат“ ги раскажаа своите животни приказни и како со помош на Црвениот крст на Град Скопје успешно се вратиле во општеството и повеќе не се дел од скопските улици.

– Ние сме секогаш тука за нив и сакаме да направиме повторно овие лица да застанат на стабилни нозе и успешно се реинтегрираат. Во овие 11 години вкупната бројката на успешно реинтегрирани лица е 15 – вели координаторот на Пунктот за бездомни лица во Момин поток, Драгана Лазаревска.

Повеќе од пет години, поранешното бездомно лице Таир Даут е ангажирано од страна на Црвениот крст кој двапати неделно доаѓа во Момин поток каде што се грижи за потстрижување на другите лица кои го посетуваат овој Пункт.

– Моментално, а најверојатно и понатаму ќе останам тука во Пункот каде што се грижам за потстрижување на сите бездомници. Ова го работам од љубов, затоа што ми е задоволство кога им помагам на овие лица – вели Таир.

Според Лазаревска повеќемина од реинтегрираните лица се вработени во приватниот сектор, каде што остваруваат месечни примања и можат да си дозволат нормален живот.

– Имаме и други лица кои што се вработени во корпоративниот систем. Лице кое што почна како хигиеничар, а со својот квалитет и способност напредуваше, сега е шеф на тој оддел кој што спаѓа во делот на оддржување на самата хигиена. Има и лица кои што работат во приватниот сектор, лица кои што го продаваат уличното списанието „Лице в Лице“ за да заработуваат за оние основни потребни средства за да се оддржат во добра кондиција и да го подобрат својот квалитет на живот – додава Лазаревска.

Со продажбата на уличното списание „Лице в Лице“, Хасан Аметовски или познат меѓу скопјани како Хари, кој веќе седма година е дел од овој проект, заработува средства за подобар живот.

– Од страна на Црвениот крст ми беше понудено да се вклучам во овој проект за да можам да заработам средства за егзистенција. Влегов во тој проект и ден денес сум таму и многу ми е мило што соработувам со прекрасна екипа – вели Хари.

Во видеото кое го направи „Слободен печат“ слушнете ги приказните на Таир и Хари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот