Кога болното грло укажува на коронавирус и на кои знаци треба да посветите внимание?
Основните симптоми за коронавирус се висока температура и сува, упорна кашлица, тврдат експерти. Сепак, можете да бидете во ризик од Ковид-19 доколку чувствувате и болки во грлото.
Препорачано

– Болното грло е една од раните, благи симптоми за коронавирус – предупредува докторката Кетрин Херен од клиниката „DoctorLink’s“.
Иако болката во грлото е чест симптом за настинка и обично нема потреба за грижи, сепак некои лица заболени од коронавирус пријавија болка во грлото како симптом на инфекцијата.
Ако одеднаш развиете симптом на болно грло најдобро е да се изолирате на 14 дена за да спречите можност од ширење на инфекцијата на други лица.
Сепак, воспаленото грло има поширок спектар на симптоми од самото чувство на болка.

Црвенило во грлото, непријатен здив, оштетени жлезди на вратот, се само некои од пропратните симптоми на болно грло.
Како и кај останатите благи симптоми од коронавирус, така и болките во грлото не доѓаат сами, па важно е да не паничите доколку чувствувате и главоболка.
– Вообичаени симптоми на коронавирус се слабост, температура, кашлица, главоболка, па и болно грло – вели докторката Херен и истакна дека овие симптоми обично одат заедно, а не самостојно.


