Кочов: Заслужена победа на МЗТ Скопје

фото: druga.aba-liga.com

Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа во првата пресметка против Работнички во натпреварување кое има меѓународен карактер. Во неизвесен натпревар исполнет со пресврти, „металците“ победија со 84:82 во рамки на осмото коло од АБА2 лигата.

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов смета дека неговиот тим заслужено победи иако во финишот имаше негатива од четири поени која беше анулирана со серијата на неговите кошаркари од 8:0 во последните две минути.

– Ова беше интересно македонско дерби во АБА. Задоволен сум од поголемиот дел од мечот, но како да ни влезе „вода во уши“ кога противникот ни постави зона, а кога не погодивме неколку шутеви, по што следеше пресврт. Факт е дека имавме контрола повеќе од 30 минути и дека заслужено победивме. Им честитам на моите кошаркари за карактерот, не е лесно да водиш 13 разлика, па да губиш, па во финишот да се вратиш и да победиш – изјави Кочов.

Од друга страна, тренерот на Работнички, Димитар Мираковски, жали за пропуштената шанса да се победи вечниот ривал.
– Одигравме прилично лошо во голем дел од мечот. Се баравме себеси, не можевме да влеземе во посакуваниот ритам, дававме се од себе. Бевме упорни и со една комбинирана зонска одбрана успеавме да се вратиме и да поведеме. Сепак, на крајот, најискусните играчи направија две катастрофални грешки, промашен зицер на „плус четири“, а потоа и чекори, што се покажа пресудно за да го загубиме овој натпревар. И покрај петте фаули на Бундовиќ се вративме, но немавме сили за триумф – вели Мираковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот