Кобно место: На истата локација каде е пронајдено денеска телото во Белград, пред 8 години починале тројца млади
Утринава е пронајдено тело на млад маж во Дунав, за кое се претпоставува дека е исчезнатиот Матеј Периш, а токму на истата локација пред осум години се случила сообраќајна несреќа во која загинале тројца млади луѓе, пишува „Телеграф“.
Препорачано
Тогаш животот го загубиле 20-годишниот Милош Јанковиќ, 18-годишниот Немања Антиќ и 16-годишната Анастасија Стајиќ. Немања и Анастасија седеле на задното седиште, а Милош бил во багажникот, каде што самиот влегол непосредно пред несреќата, бидејќи немало место за него во автомобилот.
На 21 ноември 2014 година, младите тргнале од забава во Првата белградска гимназија кон кафулињата на шеталиштетото Ада Хуја. Возачот на автомобилот, деветнасетгодишниот Душан Јовановиќ возел без дозвола и во алкохолизирана состојба. Тоа е причината поради која слетал право во Дунав од шеталиштето. Јовановиќ поминал без повреди, а совозачот Лука Вишњиќ имал скршеница на десната рака.
На истото место, утрово околу 9.30 часот е пронајдено тело на млад маж. Телото го пронашле морнари, а гардеробата со која е пронајдено телото одговара на онаа којашто ја носел сплиќанецот Матеј Периш во ноќта кога исчезна, меѓу 30 и 31 декември минатата година.


