Ко-основачот на Твитер им се извини на отпуштените работници

Џек Дорси, основачот на социјалната мрежа Твитер / Фото: EPA/ANDREW GOMBERT

Ко-основачот и поранешен извршен директор на Твитер, Џек Дорси, се осврна на масовните отпуштања во неговата поранешна фирма, извинувајќи им се на сите отпуштени, пренесува Би-Би-Си.

Половина од персоналот на социјалната мрежа е отпуштен, една недела откако најбогатиот човек на светот Илон Маск го купи во договор вреден 44 милијарди долари.

Милијардерот Маск изјави дека нема „нема избор“ освен да ја намали работната сила на компанијата бидејќи фирмата губи повеќе од 4 милиони долари дневно.

Вработените во Твитер излегоа на платформата за да го изразат својот гнев поради отпуштањата.

Во својот блог, Дорси, кој се откажа од функцијата извршен директор во ноември и го напушти одборот на директори во мај – рече дека персоналот на Твитер е „силен и издржлив. Тие секогаш ќе најдат начин без разлика колку е тежок моментот. сфатив дека многумина се лути на мене. Јас ја поседувам одговорноста зошто сите се во оваа ситуација: пребрзо ја зголемив големината на компанијата. Се извинувам за тоа“.

„Благодарен сум и ги сакам сите што некогаш работеле за Твитер. Не очекувам дека тоа ќе биде взаемно во овој момент, или некогаш, и го разбирам тоа“, додаде тој.

45-годишниот Дорси претходно го поддржуваше преземањето на Маск.

Уште во април, кога Маск првпат го започна купувањето на Твитер, Дорси рече дека 51-годишниот е „единственото решение на кое му верувам“ и дека преземањето е „правиот начин“.

Дорси го создаде Твитер во 2006 година заедно со Еван Вилијамс, Биз Стоун и Ноа Глас. Тој го испрати првиот твит на компанијата, пишувајќи „само го поставив мојот twttr“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот