„Клуб Ванчо Михајлов ВМРО“ се отвора во центарот на Битола

Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола
Културен центар „Иван Михајлов“ - Битола (Фото: Фејсбук)

Во непосредна близина на Широк Сокак, во строгиот центар на Битола, се подготвува отворање на Клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“, пишува СДК.мк. Според рекламата поставена на објектот, клубот, чие име е напишано на бугарски јазик, го отвора Културниот центар „Иван Михајлов“ од градот.

На фејсбук-страницата на Културниот центар, уште на 29 јануари се поставени фотографии од клубот. Под фотографиите пишува „Ајде за век нека е“. Под нив, читатели испраќаат коментари: „Честит нов офис на достојните наследници на Ванче“, како и тоа дека слични клубови треба да се отворат и во други градови, па и во Пиринска Македонија.

Во март лани, Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола ја разбранува јавноста во земјава и во Бугарија со писмото испратено до бугарскиот државен врв и амбасадите на САД, ЕУ, Португалија и Германија во земјава, во кое се тврдеше дека неговите членови се соочуваат со страв да се изјаснат како македонски Бугари и со бугарофобија.

Пред две години, пак, истиот центар направи промоција на книги за Тодор Александров и полковник Дранго од поранeшниот бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, лидер на националистичката партија ВМРО-БНД, на која тој и самиот присуствуваше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот