Клосе: Новиот сој омикрон најверојатно е внесен и во Германија

Каи Клосе/ фото: ЕПА

Државниот министер за социјални работи и интеграција во западногерманската покраина Хесен, Каи Клосе, денеска предупреди дека новиот сој омикрон „многу е веројатно дека веќе пристигнал” во Германија бидејќи мутации типични за оваа варијанта се откриени кај патник кој се враќал од Јужна Африка.

„Синоќа беа откриени неколку мутации типични за сојот омикрон кај патник кој се враќал од Јужна Африка”, напиша Клосе на Твитер.

Патникот е изолиран дома. Доколку се потврди, ова ќе биде прв случај на омикрон во Германија.

Не се соопштуваат други детали за патникот, ниту на кој аеродром пристигнал.

Меѓународниот аеродром Франкфурт, најпрометниот аеродром во Германија, се наоѓа во покраината Хесен.

„Доколку минатата недела сте се вратиле од Јужна Африка, тогаш ограничете ги вашите контакти и тестирајте се”, предупреди Клос.

Првиот случај на сојот омикрон во Европа беше потврден вчера во Белгија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот