Ќучук: Верувам дека новите влади во Скопје и Софија ќе отворат можности за подобро разбирање

Илхан Ќучук
Илхан Ќучук / Фото: МИА

Разговорите за минатото се важни, но важни се и разговорите за иднината, потенцира известувачот на Европскиот парламент за земјава, европратеникот Илхан Ќучук, на денешната панел дискусија во рамките на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво”, потенцирајќи ја важноста на меѓусебната соработка, изрази верување дека новите влади на Северна Македонија и Бугарија ќе продолжат по патот на отвореноста заради целосно надминување на сите недоразбирања.

– Нема поважен фактор од довербата, нема универзален договор, нема договор, кој е еднакво добар, нема договор кој ги задоволува и двете страни, но секој договор дава правна рамка за да се започне разговор. Јас верувам дека новата Влада на Бугарија и новата Влада на чело со Ковачевски ќе продолжат по патот на отворањето можности за подобро разбирање. Од моето искуство, не само како известувач, туку и како човек кој доаѓа тука разговара со граѓаните, со политичарите, можам да заклучам дека единствениот проблем е тоа што не се разбираме, тоа што не знаеме едни за други. Неразбирањето доаѓа од таму и треба да се кажуваат добрите примери, дека ние сме на правилниот пат да се разбереме подобро, таков е примерот со договорот помеѓу МИА и Бугарската телеграфска агенција, бидејќи преку константната размена на информациите народите ќе знаат повеќе за себе си, рече Ќучук.

Според него, важно е да се поттикнат граѓаните  и локалната власт интензивно да учествуваат во развојот на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

– Овде сум не само како известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, туку и како непоправлив оптимист дека двете земји можат да се разберат и да бидат пример за партнерството на Балканот за европските стандарди. Сметам дека мора да се посветиме со сите сили и неуморно да работиме на реализација на оваа идеја, бидејќи нашите граѓани тоа го заслужуваат, „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво” , организирано од Renew Europe и АУЕ-ФОН во соработка и со учество на претставници од локалната самоуправа и граѓанскиот сектор од Северна Македонија и Бугарија. Не можам, а да не му се восхитувам на продолжувањето на дијалогот во последните две недели и многу се надевам дека по пауза од повеќе од година и пол, меѓувладините разговори конечно ќе дадат конкретни резултати, истакна Ќучук.

Тој додаде дека Договорот за пријателство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија и сеопфатниот развој и продлабочувањето на пријателските добрососедски односи, се во интерес на народите на Република Бугарија и Република Северна Македонија.

На конференцијата „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво” воедно учествуваа и градоначалниците Радослав Ревански, Висар Ганиу, Костадин Костадиновски, Тимчо Муцунски, како и многу други младински и образовни претставници.

Настанот е со идеја да се поттикне дебата за моменталната состојба помеѓу двете држави Република Северна Македонија и Република Бугарија, предизвиците и можностите за граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво помеѓу двете држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот