Гоце Тодоровски со ќерката Сашенка / Фото: Фејсбук/Ѓорѓи Колозов

ФОТО | Гоце Тодоровски е добитник на наградата „23 Октомври“: Ќерка му со емотивна порака – „гордост моја, мал, а толку голем…“

Зад секој голем и успешен човек стои љубовта и поддршката на најблиските. Нивните зборови се мелем за душата, сила во тешките денови и радост во миговите на најголемите успеси. Токму таква беше и пораката на Сашенка Тодоровска, ќерката на легендарниот актер Гоце Тодоровски, која со многу емоции се обрати на нејзиниот татко по повод високото признание — државна награда „23 Октомври“.

Во момент исполнет со гордост и благодарност, Сашенка му се обрати на својот татко со зборовите:

„Моја гордост … М’Ал Пачино, а толку голем. Да си ми само здрав, одиме понатаму да чекориме заедно како и досега … Душава и срцево мое урлаат од среќа. Признат достоинствено за половина век посветен на македонскиот народ! Секоја чест!“

Со овие зборови, таа ја изрази не само гордоста, туку и длабоката љубов и почит кон човекот кој целиот свој живот го посвети на сцената, на публиката и на македонската култура.

Имено, државната награда „23 Октомври“ претставува највисоко признание кое се доделува на поединци со извонреден придонес во областа на науката, културата, образованието, како и во заштитата на државните интереси и промоцијата на македонските вредности и културно-историското наследство.

Овогодишни добитници на оваа престижна награда се Гоце Тодоровски, писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, поетот, романсиер, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и писателот, академик Божин Павловски.

Свеченото врачување на наградите ќе се одржи на 23 октомври, во 12 часот, во Собранието на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот