Ќе успее ли легендарниот фудбалер Веа да дојде до втор претседателски мандат во Либерија?

Избори во Либерија / Фото EPA-EFE/AHMED JALLANZO

Либеријците гласаат на жестоко оспоруваните претседателски избори, при што поранешната фудбалска ѕвезда Џорџ Веа (57) се кандидира за втор мандат. Неговиот главен предизвикувач е поранешниот заменик претседател Џозеф Боакаи (78), пренесува Би-Би-Си.

Боакаи ја води својата кампања под слоганот „Спасување“, тврдејќи дека западноафриканската држава тргна надолу за време на првите шест години на власт на Веа. Но, Веа е убеден во победата, велејќи дека ја задржал Либерија стабилна и го подобрил образованието.

Ова ќе биде првпат генерација млади гласачи, родени во мирновременска Либерија, да гласаат за претседател. Бруталната граѓанска војна, во која загинале околу 250.000 луѓе, завршила пред две децении.

Многу Либеријци бараат формирање на суд за воени злосторства за да се изведат пред лицето на правдата клучните личности зад конфликтот, велејќи дека неуспехот да се стори тоа создал култура на неказнивост.

Џорџ Веа / Фото EPA-EFE/AHMED JALLANZO

Веа досега се спротивстави на притисокот, велејќи дека фокусирањето на старите злосторства не е најдобриот начин да се постигне развој. Боакаи – заедно со двајца други водечки кандидати, бизнисменот Александар Камингс и адвокатот за човекови права Тиаван Гонгло – ветија дека ќе формираат суд.

Околу 2,4 милиони луѓе се пријавени за гласањето. Вкупно 19 кандидати – вклучително и две жени – се натпреваруваат против Веа, кој ја презеде функцијата од првата избрана жена претседател на Африка, Елен Џонсон Серлиф, откако таа се повлече на крајот на двата мандати во 2018 година.

Гласачите ќе гласаат и за парламентарните претставници на изборите во вторник. Главните партии во Либерија ветија дека ќе го зачуваат мирот за време на изборите, и покрај судирите меѓу ривалските табори во последните денови од кампањата.

Поддржувачи на Веа / Фото EPA-EFE/AHMED JALLANZO

Насилствата поврзани со изборите оставија тројца мртви во септември. Веа, кој бил избран за најдобар светски фудбалер на ФИФА во 1995 година, влезе во политиката по неговото повлекување од фудбалот.

Тој го освоил својот прв мандат во 2017 година, откако обезбедил 61 отсто од гласовите во вториот круг, победувајќи го Боакаи, кој бил заменик на Сирлиф. Аналитичарите велат дека ова можеби е последен обид на 78-годишникот за претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот