Фото: Принтскрин / ора24

Ќе се проширува улицата „Лазар Трповски“ во Чаир, Меџити најави нови кружни текови и 200 паркинг места

Градоначалникот на Општина Чаир Изет Меџити денеска го најави почетокот на, како што вели тој, еден од најзначајните проекти во Чаир – обновата и проширувањето на улицата „Лазар Трповски“(„Ферит Мурати“), долга речиси еден километар.

„Денеска го најавуваме еден од најзначајните проекти на Општина Чаир, а тоа е проширувањето на улицата „Ферит Мурати“ или „Лазар Трповски“, долга еден километар

Тој објасни дека во првата фаза на реставрацијата ќе се опфатат 600 метри од улицата, а средствата за оваа фаза која чини 22 милиони денари се во најголем дел покриени од Светската Банка, додека пак локалната самоуправа учествува со четири милиони денари.

„Првите 600 метри се реставрираат со помош на Светската Банка во вредност од 22 милиони денари, додека Општина Чаир за овој проект има одделено 4 милиони денари“, изјави Меџити.

Тој додаде дека вториот дел од реновирањето на „Лазар Трповски“, односно останатите 400-тина метри ќе се реализираат со поддршка од Владата и Општината, а целиот проект предвидува проширување на улицата со простор за велосипедски патеки од двете страни, тротоари, како и 200 легални паркинг места.

„Вториот дел ќе се реализира со помош на Владата и Општина Чаир. Проектот предвидува целосна реконструкција на улицата со велосипедски и пешачки патеки и тротоари, а исто така се предвидени 200 легални паркинг места од двете страни“, рече градоначалникот на Чаир.

Градежните активности ќе опфатат и изградба на два нови кружни текови, еден на крстосницата со „Џон Кенеди“, а вториот кај основното училиште „Исмаил Ќемали“, како и реконструкција на постоечкиот кружен тек.

На настанот присуствуваше и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, кој изјави дека улицата „Лазар Трпевски“ е една од главните сообраќајни артерии во Чаир, но и во градот, а со нејзиното проширување ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, особено на пешаците.

„Денеска сме на отпочнување на градежни активности на улицата „Лазар Трпевски“, една од главните артерии на градот. Со нејзиното прошурување ќе се зголеми безбедноста на пешаците, велосипедистите и сите учесници во сообраќајот“, вели Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот