Кирјос: Сакам барем еден грен слем трофеј пред пензија

Австралискиот тенисер Ник Кирјос/фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Австралискиот тенисер Ник Кирјос оваа календарска година одигра само еден меч и тоа во Штутгарт, Германија.

Кирјос (28) веќе извесно време има проблем со повредите, според најавите во Бризбејн се очекува да добие покана за вајлд-карта, но нè уште не е познато дали ќе може да игра.

Самиот тенисер зборуваше за своите желби во иднина за австралиските медиуми.

– Сакам да освојам барем еден грен голем трофеј. Сакам кога ќе престанам да играм, можам да кажам дека барем еднаш бев шампион на Грен слем турнир. Минатата година бев толку блиску, само два сета ме делеа од пехарот – рече Кирјос.

Најголемиот успех на грен слем турнирите Австралиецот го имаше токму лани кога стигна до финалето на „Вимблдон“ во кое беше поразен од првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ (Србија) со резултат 1:3 во сетови 6:4, 3:6, 4:6 и 6:7 (3).

Беше по еднаш четвртфиналист на „Австралија Опен“ и „УС Опен“, а двапати стигна до третото коло на „Ролан Гарос“. Но, пехарот од „Вимблдон“ е тој што најмногу го посакува Кирјос:

– Вимблдон е најголемиот турнир во светот, дури и навивачите кои не следат тенис знаат што е Вимблдон. Неверојатно е колкав престиж има тој. Доколку го освои Вимблдон никоган повеќе ништо не може да ти каже. Таа титула би била како шлаг на тортатат и ќе дадам сè од себе да ја освојам. Поради ланскиот пораз во финалето имам чувство на незавршена работа. Затоа ќе направам сè што е во моја моќ да се вратам во финалето на Вимблдон – вели Кирјос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот