Кирацовски: Ние сме чесни луѓе, а со Боки само еднаш, случајно, сум се фотографирал на негово барање

Денеска во ОЈО ги дадов сите информации кои беа побарани од мене и верувам дека од денес ќе завршат лажните вести кои и направија штета и на истрагата. Ова, после едночасовниот исказ во ОЈО го изјави пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, кој беше повикан за случајот “Рекет”.

Тој рече дека верува дека сите кои се огрешиле пред законот ќе одговараат.

– Ние сме чесни луѓе. Луѓе со кредибилитет и интегритет – рече пратеникот на СДСМ.

Запрашан дали присуствувал на некоја средба на која бил осомничениот и притворен за “Рекет” Бојан Јовановски, Кирацовски нагласи дека само еднаш случајно по барање на Боки 13 се сликал со него.

На новинарско прашање дал знаел дека Јовановски врши рекет, Кирацовски рече:

– Апсолутно не.

Кирацовски: Героски ми призна лично дека во однос на мене направил фаул

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот